| четврток, 6 декември 2018 |

Србија ги анализира донациите за поплавите

На донаторската конференција во Брисел шест држави уплатиле донации за БиХ, но не и за Србија, пишува српскиот весник Политика.

Извадоци на „Политика“ од Донаторската конференција

На донаторската конференција за санирање на мајските поплави во Србији и во БиХ, која што во Брисел се одржа на 16 јули, според податоците до кои стигнала „Политика”, Германија, Данска, Хрватска, Пакистан и Египет се држави кои пари пратиле во Сараево но не и во Белград. Ерменија е единствена земја која пак пратила пари за Србија, но не и за БиХ. Така, Данска за БиХ донирала седум милиони евра, Германија за Сараево издвоила пет милиони евра, Хрватска 1,328 милиони евра, Пакистан 740.000 евра, Египат 25.000 евра. Ерменија, пак, за Србија уплатила 74.000 евра.

На редовната средба со новинарите на почетокот на месецов, шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ посочи дека информациите од конференцијата ќе бидат интересни за анализа. За „Политика“ сега Дачиќ вели дека тоа не значи дека овие држави воопшто не донирале пари за Србија или дека нема да дадат по некоја друга ставка, па додава дека се работи само за донации уплатени на конференцијата во Брисел.

Интересно е што САД во Брисел многу повеќе пари донирале за БиХ отколку за Србија, додава весникот. Тако за Сараево е уплатено 14,400 милиони, а за Белград два милиони евра. Двојно повеќе за БиХ стигнало од Чешке, додека иста сума уплатиле Франција, Австрија, Јапонија, или Швајцарија.

Русија е во малата група држави пак, како додава „Политика“, кои не дале никаква донација во Брисел, но најразлична помош донираа пред конференцијата. Државите уплатуваа пари и за прекугранични проекти на Европската комисија со кои ќе бидат санирани последиците од поплавите во општините во Србија и во БиХ кои се на граничната линија. Најмногу пари за таа цел, два милиони евра, уплатила Италија, Хрватска донирала 552.000, а Словенија 450.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top