По повод 18 август – Денот на Армијата на Република Македонија денеска во касарната „Илинден“ во Скопје беше извршена почесна артилериска стрелба.
Единицата на артилерискиот баталјон на АРМ истрела 10 плотуни.
Централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија ќе се одржи утре попладне во Центарот за обука на вода во Охрид.
Во пресрет на Денот на АРМ вчера на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје бeа изложени борбени средства, техника и опрема на Армијата на Република Македонија. Претставени беа материјално-техничките средства, борбените возила и вооружувањето на АРМ, како и транспортниот хеликоптер Ми-8/17.
Армијата на Република Македонија годинава одбележува 22 години од основањето. (фото МИА)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.