Италијанската глумица Моника Белучи допатува во српско Требиње каде ќе продолжи снимањето на филмот „На млечниот пат“ на режисерот Емир Кустурица. Делови од филмот во Требиње беа снимани и во јуни, а Белучи тука снимаше и лани. Според српските медиуми таа ги избегнала изјавите.
Во оваа приказна за војната и љубовта, Кустурица игра монах, српската актерка Слобода Мичаловиќ која на војниците продава млеко, а Моника Белучи жена која продавачката на млеко ја купува и ја носи дома на својот брат.
Во филмот глумат и познатите актери Зоран Цвијановиќ и Сергеј Трифуновиќ, а во Требиње се очекува и Мики Манојловиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.