Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ги посети децата од кампот „Ја сакам Македонија“, наменет за образование на децата од земјите во соседството.
На завршниот ден од кампот, кој се одржува трета година, министерот разговараше со учесниците за впечатоците од нивниот престој во Охрид.
– Целта е да го поттикнеме изучувањето на македонскиот јазик. Ова се деца кои следеле образование на македонски во земјите каде живеат преку онлајн програмите кои ги имаме и часовите кои ги посетуваат. На овој начин ги зближуваме Македонците од основното образование од целиот регион и им овозможуваме поголемо зближување со Република Македонија. Сакаме во иднина тие да ги зајакнат врските со матичната земја, изјави Попоски. Според министерот, проектот ги оправдува очекувањата и ќе продолжи да се реализира и во иднина.
Во образовниот камп во Охрид годинава учествуваа околу 100 деца од земјите од регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


