Политичарите, државниците, луѓето со изразен јавен живот, пораките ги испраќаат не само вербално, туку и со говор на телото. Од тој говор најмногу се внимава на позицијата на рацете.
Германската канцеларка Агела Меркел е позната по позицијата на рацeте со eдна спeцифична поставеност на дланките за кои на социјалните мрежи, под долгата низа на фотографии на Меркел од различни прилики, но со иста поза, се шегуваат дека изгледа као реклама за супер- лепак. Вљубениците во теориите на заговор пак во тоа откриваат симболи во тајни светски здруженија.
-Очигледно станува збор за извежбана позиција, која има за цел да ги смири гестикулациите со рацете. Ангела Меркел често пати добиваше критики, поради своите отсечни движења кои ја правеа поагресивна и наметлива- вели Ели Пешева од Маркетинг агенцијата Њу Момент.
-Оваа позиција, во речникот за говор на телото, покажува интелектуална супериорност. Инаку според анализите, движењата кои треба да покажат позиција, кредибилитет, контрола, и кои се усовршуваат со учење, со тек на време навистина влијаат на зголемување на индивидуалната самодоверба.
Ставот и физичкиот впечаток пред јавноста во политиката не се остава на случајност. За тоа постои цела наука. Во американската политика пак впечатливи се дланките во таа комуникација со јавноста. За американскиот претседател, пак на фотографиите доминира прстот показалец, кој доколку не е вперен кон некаде, е исправен дури и кога Обама ја потпира главата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


