| четврток, 6 декември 2018 |

Несватлив пад во играта, Македонија губи со 38-36 по првото полувреме

Во третиот натпревар од квалификациите за евробаскетот 2015 година, Макеоднија игра на гостински терен против Белорусија.
Во натпреварот кој можеби најмногу значи за Македонија во групата Д, избраниците на селекторот Џикиќ одлично го започнаа натпреварот. По првата четвртина со одличен шут за три поени (6/9) нашите кошаркари преводени од Стојановски, Соколов и Трајковски дојдоа до висока предност во првата четвртина од 14 коша разлика (14-28).
Во втората четвртина несвалтив пад во играта. Белорусија не дозволи уште по првите 20 минути да биде решен победникот. Со неколку налети и серии од седум и осум поени брзо ја стопија предноста па дури во финишот од првото полувреме и поведат со четири коша разлика. Предноста на намали Хендрикс за на полувреме Македонија има негатива од два коша (38-36).
Да потсетиме во случај на победа, Македонија ќе остане на првото место на табелата, единствена репрезентација од нашата група со три победи од исто толку натпревари.
Белгија во третото коло ја декласираше репрезентацијата на Данска со 71-50.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top