| четврток, 6 декември 2018 |

Данските медицински сестри се премногу секси!

Во три од петте дански региони било одлучено медицинските сестри да работат во униформи кои се „помалку секси"

v280557p0
Оваа одлука во Данска уследила откако преку истражување се покажало дека расте бројот на медицински сестри кои се изложени на сексуално малтретирање.

Како што е соопштено од страна на данските медиуми, според истражувањето спроведено од страна на професионалното здружение на медицински сестри од Данска, осум проценти од медицински сестри биле жртви на несакано сексуално внимание во 2012 година година, што е двапати повеќе од пред десет години.

Здружението на медицинските сестри не смета дека работните униформи се единствената причина за сексуално вознемирување на своите членови на работното место, но смета дека промената на униформите еден од важните чекори во насока на намалување на таквиот вид вознемирување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top