| четврток, 6 декември 2018 |

Триесетина заболени од ебола избегале од болница

Ebola in LiberiaНајмалку 29 лица заболени од ебола побегнаа од здравствениот центар во Либерија, откако тој бил мета на вооружени напаѓачи, кои го ограбиле.

Челниците на локалната Асоцијација на медицински работници потврдија дека нападот се случил.

– Ја разбиле вратата и упаднале во центарот и се ограбиле, извикувајќи дека во земјата нема ебола, по што речиси сите пациенти побегнале, рече Ребека Весех од Асоцијацијата.

Упадот во медицинскиот центар се случува непосредно по одлуката на Кенија да ги затвори границите со Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне, поради страв од ширење на еболата.

Националниот авиопревозник „Кенија ервејз“ минатата недела ги суспендираше сите летови кон Монровија и Фритаун.

Ширум Западна Африка од ебола оваа година починаа најмалку 1.145 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top