Германската автомобилска компанија БМВ, со „БМВ 2 актив турер“ влегува во потполно нов дел од пазарот, односно компактната класа премиум која досега не била дел од семејството на БМВ.
Реакцијата на критичарите за новиот автомобил досега е многу позитивна. „БМВ 2 актив турер“ ќе биде возило кое треба да биде многу успешно на пазарот.
Презентацијата на автомобилот се одвиваше во Солден, Австрија, а таму беше најавено дека, според процените, главен пазар каде што ќе се продава БМВ 2 ќе бидат Европа и Кина. Купувачите ќе ги ценат агилноста, повисоката положба на седиштата, пространата внатрешност, функционалноста и удобноста.
Побарувачката за возила во компактна класа е сè поголема. Со проширувањето на понудата, БМВ сака да привлече нови купувачи. Тоа им успеа со серијата 1, каде што околу 70 проценти од купувачите беа нови корисници кои претходно никогаш не возеле БМВ.
„БМВ 2 актив турер“ треба да се приближи до фамилијарните купувачи кои имаат зголемени барања во однос на функционалноста и комфорот, а во исто време не сакаат да се откажат од типичните карактеристики на БМВ, како што се спортски линии и иновативен дизајн.
Новиот автомобил е првото возило на БМВ со погон на предните тркала и достапен со мотор со три цилиндри.
Од фабриката најавија дека се развиваат две платформи. Едната е со погон на задните тркала или на сите четири тркала за идните модели, а другата е со погон на предните тркала и на сите четири врз која се базира новиот „БМВ 2 актив турер“.
Официјалниот почеток на продажбата за пазарот во Европа е закажан за 27 септември 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст