| четврток, 6 декември 2018 |

Запленетите пиперки и домати донирани за настраданите од поплавите

Colorful-vegetables-755879
Мобилните царински тимови вчера околу пладне заплениле околу триста килограми зеленчук кој бил внесен во државата од Бугарија, информираше Царинската управа на РМ.

Директорот на Царина, Ванчо Каргов, одлучил по итна постапка запленетата пратка да биде доделена и дистрибуирана на семејствата кои се најзагрозени од неодамнешните поплави.

Според официјалните информации пратката била откриена во комбе на патот од граничниот премин “Ново Село” кон Струмица. Во контролата биле најдени 334 килограми зеленчук домати, брокули, пиперки, краставици и модри патлиџани, за кои возачот изјавил дека ги набавил во Бугарија и дека не поседува никаква документација дека за стоката се платени царински давачки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top