Отоманско наследство – За разлика од другите европски полуостровски региони (Пиринејскиот Полуостров, Апенинскиот Полуостров), северната граница на Балканот не е обележана со планински венци кои го одделуваат полуостровот од срцето на Европа. Таа граница, по должината на местата каде што Сава и Дунав лесно може да се преминат, е отворена за неколку клучни транспортни коридори кои ги поврзуваат централна и западна Европа со Блискиот Исток и со источниот Медитеран. Сиромашен во однос на енергија и природни ресурси, регионот, главно, е значаен поради локацијата, односно како центар на паневропските коридори. Тоа воедно е и проклетството на неговата историја, поканувајќи ги освојувачите и претворајќи го Балканот во поголемиот дел од модерната ера во објект на натпреварувачки профили и интереси на светските велесили. Османлиското освојување остави неизбришливи траги врз регионот.
Почетниот напад на исламските освојувачи на Европа почнал пред дванаесет века преку Гибралтарскиот Проток. Вториот напад на исламот на Европа се случил во југоисточниот брег на стариот континент почнувајќи во 1354 година кога отоманските Турци го преминале протокот Дарданели од Мала Азија и стигнале на северниот брег. Следното ширењето на исламот на Балканот е „со меч“: тоа бил османлиски контингент составен од политички и социјални институции коишто се базирале врз учењето на Куранот и на претходните седум века на исламската правна и политичка практика. Насоката на нападот отишла од Тракија преку Македонија за Косово; преку Санџак во Босна, па сѐ до реката Уна и, конечно, запира кај хабсбуршката воена граница создадена во 16 век.
Вреди да се спомене дека географскиот пробив на отоманскиот напад, а подоцна и колонизација на муслиманите од другите делови на Империјата на Балканот, се совпаѓа со „Зелената трансверзала“. Тоа не покажува дека отоманските стратези направиле детален план за освојување во таа насока, туку дека „Зелената трансверзала“ имала геополитичка логика што влијаела врз донесувањето на политичките и на воените одлуки свесно или несвесно. Историските записи дополнително покажуваат дека отоманските напори за исламизација на локалното население биле поенергични и далеку поуспешни по должината на „попречната оска“ (Тракија-Македонија-Косово-Санџак-Босна) отколку во другите освоени христијански земји (на пример, во главното копно на Грција, централна Србија, северна Бугарија или Валакија).
Османлиското освојување ја уништило материјалната и културнобогата христијанска византиска цивилизација и нејзините динамични и креативни словенски потомци во Србија и во Бугарија. Освоеното население станало втора класа граѓани (зимии), чија физичка безбедност била заснованa врз нивната бедна послушност кон муслиманските господари. Биле обврзани да плаќаат многу такси (џизија или арач) и биле подложени на практиката на девширме – годишен данок во крв (воведен во 50-тите години на 14 век) – на една петтина од сите христијански момчиња кои во освоените земји морале да преминат во ислам и да бидат обучувани како јаничари. Во колективната меморија на балканските христијански народи, петте века турско ропство – со сите свои последици, социјални и политички – се врежани како апсолутна катастрофа. Преминувањето во ислам, феномен што повеќе е присутен по „Зелената трансверзала“ отколку во централните региони на Империјата, придонесе за новата стратификација на општеството под османлиска власт и новиот баланс на моќ. Тој баланс се префрли во корист на оние поединци и заедници што ја прифатиле верата на освојувачите. Тие за брзо време ја презеле улогата на функционери и собирачи на данок, ја употребувале нивната моќ да ги угнетуваат нивните соседи, нивните поранешни браќа по религија. Луѓе од иста етнојазична заедница, од исти предци, често се претворале во членови на две фундаментално спротивни социјални и политички групи.
Отоманскиот подем е достигнат во владеењето на Сулејман Величествениот во првата половина од 16 век. Како што Империјата почнала да се стабилизира по поразот во Виена (1683 година), провинциските отомански гувернери и локални воени лидери на Балканот станувале посилни и непокорни на султанот. Тие често биле локалци што преминале во ислам, желни да ја наметнат својата моќ врз нивните поранешни браќа, т.н. христијански каури. Тоа резултирало со далеку поостар третман врз нивните христијански поданици отколку што било наредено од Високата порта. Деветнаесеттиот век сведочи за најголемото угнетување на христијанските заедници под османлиска власт отколку во кој било друг период.
Истовремено, некои големи сили (особено Велика Британија) го поддржаа потчинувањето на балканските христијани на Турците, со образложение дека Отоманската Империја била стабилизирачка сила. Сојузот на Франција и на Велика Британија со Турција против Русија во Кримската војна (1853-1856) ја отсликува рамката на умот и стратегиските пресметки – желбата да се освојат поени во муслиманскиот свет лице в лице. Тоа се манифестира и во последниве години со отворена или прикриена поддршка од страна на истите сили за муслиманите во Босна и во Косово, како и за израелско-арапскиот конфликт.
Демографија – Најтрајната политичка и културна последица од османлиското владеење на Балканот е присуството на големи домородни муслимански заедници. Балканскиот Полуостров е еден од најпознатите региони во светот со различни етнички и религиозни групи, со оглед на тоа што се простира на мала површина (повеќе од 517.9976 километри квадратни) и има население од околу 55 милиони жители. Од нив, православни христијани – главно Грци, Бугари, Срби и Македонци – се мнозинство од околу 53 проценти; сунитски муслимани (11 милиони Турци во европска Турција и сличен број Албанци, словенски муслимани и етнички Турци на други места) има над 40 проценти, а римокатолиците (главно Хрвати) – околу 5 проценти. Тие заедници не живеат во мултикултурна хармонија. Нивниот меѓусебен недостиг од доверба што повремено се претвора во насилство е траен плод од турското владеење. Биле институционализирани четири истакнати карактеристики на османлиската држава: религиозно оправдана дискриминација на немуслиманите, лична несигурност, оскуден соживот на етникумите и религиите без никакво меѓусебно мешање и отсуството на обединувачка државна идеологија или супраденационален извор на лојалност. Тоа беше хобски свет што создаде еден посебен ментален склоп: „игра со нулта сума“ пристап кон политиката, каде што добивката на еден играч се смета како загуба за другиот. Тој ментален склоп останува променет, речиси еден век од распаѓањето на Империјата.
Повеќето балкански муслимани живеат на територијата по должина на „Зелената трансверзала“, од Истанбул на југоисток до Цазин на северозапад. Постојат само две големи празнини во синџирот. Една од нив се наоѓа во североисточниот дел на Македонија, каде што 128.748 километри ги делат најисточните албански села во близина на Куманово од најзападните бугарско-муслимански (т.н. помашки) села во Благоевград. Другата, пак, се наоѓа во регионот на рашката област (северен Санџак) во југозападниот дел на Србија, по главниот пат и железницата од Белград до црногорското пристаниште во Бар.
Христијанските заедници на Балканот се во надолен и долгорочен демографски пад. Стапката на плодност е под потребното ниво за замена на една генерација во сите земји во регионот со христијанско мнозинство. Муслиманите, пак, имаат највисока стапка на наталитет во Европа, а Албанците се наоѓаат на врвот на табелата. Со сегашната ситуација е можно муслиманите да станат мнозинство на Балканот за една генерација.
Улогата на модерна Турција – Европското земјиште на Турција во Босфор и во Источна Тракија е најнаселено (има над 11 милиони жители) со моноетничко (турско) и монорелигиозно (муслиманско) мнозинство; христијаните претставуваат занемарливо малцинство. Како нација-држава со 72 милиони жители, Турската Република се базира врз комбинација од национализам со европски стил и исламска филозофија што создава чувство на интензивно сродство со муслиманските заедници од Западен Балкан. Сонот на Кемал Ататурк никогаш не отиде подалеку од воениот и мал круг на урбаната елита. Со децении опишуван како клуч за американската стратегија во источниот Медитеран, Блискиот Исток, неодамна во каспискиот регион богат со нафта и во чувствителната поранешна советска Централна Азија, земјата ја управува поотворената Партија на праведноста и развојот (АКП), чиј лидер е актуелниот премиерот Реџеп Таип Ердоган. Неговите будалаштини во Давос сликовито го прикажаа проблемот: АКП се залага за идеологија на културна поделеност, напнатост и конфликт, и покрај сето проевропско говорење со кое исламистите во Турција се вклучуваат во намерите да се исламизира Европската унија.
Таа агенда веќе не е ограничена со границите на турската држава. Постои разгорено чувство на блискост меѓу редовите на турските исламисти со нивните балкански браќа и со старите отомански подрачја на Запад. Повторната исламизација и самоувереноста на Турција под водство на Ердоган се од суштинско значење за заживувањето на исламот и на етничката самоувереност низ „Зелената трансверзала“: „Југословенските војни во 90-тите години од минатиот век ги отворија сите области каде што муслиманите беа мнозинство: Како што се менуваа регионалните реалности, така се менуваше и геополитиката меѓу оние кои останале во нивните традиционални домови на Балканот и самото проширување на исламот во Европа …. со паневропски исламски групи од Западот до јужниот дел на Балканот. Од најголема важност за муслиманите во Западна Европа, а особено на Балканот, е приемот на Турција во ЕУ, така што Анкара ќе биде гласот за сите муслимани во внатрешноста на самата ЕУ“.
Муслиманската преродба во поранешните отомански земјиште низ „Зелената транверзала“ не би била можна без силна и цврста поддршка во југоисточниот крај. Мешавината од национализам и ислам во Турција има цел не само враќање на процесот на модернизација во изминатите 85 години, туку и враќање на исходот од претходниот период на османлиското опаѓање. Под водството на АКП, Турција сè повеќе станува ревизионистичка и иредентистичка земја, односно закана за стабилноста на Балканот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст