| четврток, 6 декември 2018 |

Проруските бунтовници урнаа украински МИГ-29

миг

Проруските сили во источна Украина собориле украински воен авион, потврди портпаролот на украинската војска Олексеј Дмитрашковски. Авионот бил соборен во регионот на Луганск, каде што бил вклучен во операции против позициите на проруските бунтовници.

– Авионот бил урнат откако ја завршил операцијата и ликвидирал група терористи – бунтовници – појасни Леонид Матјухин, претставник на украинската војска во источните делови на земјата.

Пилотот на авионот успеал да се катапултира и успешно стигнал до една од воените бази на украинските сили.

Украинската војска во четвртокот го обиколу Луганск, отсекувајќи го и последниот патен правец што го поврзуваше овој град со руската граница. Оттогаш во областа се водат особено жестоки судири меѓу украинските безбедносни сили и проруските бунтовници

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top