
Министерот за одбрана Зоран Јолевски, на припадниците на Армијата и на сите граѓани им го честита 18 Август, Денот на Армијата на Република Македонија.
– Вашето несебично залагање и посветеноста кон работата придонесуваат кон унапредувањето на мирот и безбедноста на сите граѓани на Република Македонија. Професионалноста која секојдневно ја покажувате, е пример за сите и затоа граѓаните на Република Македонија имаат огромна доверба во Вас, припадниците на Армијата на Република Македонија и вработените во Министерството за одбрана. Јас верувам во Вашите капацитети да придонесете кон просперитетна, силна и мирољубива Република Македонија – порача тој во својата честитка.Денот на АРМ, 18-ти Август е денот кога во 1943 година е формиран баталјонот „Мирче Ацев“ на Славеј Планина. Со одлука на Владата од 1993 година, истиот се слави и како ден на Армијата на Република Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


