
Полицијата во американскиот град Фергусон рано изутринава употреби солзавец за да ги растера насобраните демонстрантри кои одбиваат да се разотидат и по стапувањето во сила на полицискиот час, воведен по неколкудневните насилни протести иницирани од убиството на локален 18-годишен црнец од страна на полицаец белец.
Полицајците прво прекумегафон ги повикаа околу 150-те демонстранти да се разотидат, но кога тие се оглушија на повиците, полициските сили интервенираа со солзавец.
Гувернерот на американската сојузна држава Мисури во која се наоѓа Фергусон, Џеј Никсон воведе полициски час во траење од полноќ до 5:00 часот по локално време (од 7:00 до 12:00 по средноевропско време), по неколкудневните протести, грабежи и расни тензии.
Уште со воведувањето на полицискиот час, дел од организаторите на протестите оценија дека таа мерка само дополнително ќе ги влоши состојбите, бидејќи демонстрантите планираат да ги одржуваат протестните прошетки низ улиците на Фергуопн и по полноќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија


