| четврток, 6 декември 2018 |

Директорот на „Србијагас“ под закана од американски санкции

Dusan-Bajatovic

Директорот на српската гасна компанија „Србијагас“, Душан Бајатовиќ би можел да биде опфатен со американските санкции коведени кон руски правни и физички лица поради кризата во Украина, тврди белградскиот весник „Курир“.
Според весникот, Бајатовиќ би можел да се најде на американската листа на „санкционирани“, бидејќи е член на Надзорниот одбор на руската компанија „Согаз“, која е опфатена со санкциите што ги воведе Вашингтон.
Со американските санкции покрај забрана за работа на компаниите во САД, се предвидува и замрзнување на имотите и сметките на водечките луѓе на руските фирми, меѓу кои е и Бајатовиќ, наведува „Курир“.
– Вакво сценарио би можело дирекно да влијае и на месечната апанажа што ја добива челникот на „Србијагас“, кој како член на Надзорниот одбор од руската компанија добива по 10.000 евра- додава весникот, потсетувајќи дека сопственици на „Согаз“ се „Газпром“ и „Банката на Русија“, која исто така е опфатена со американските санкции

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top