Припадниците на џихадистичката групација Исламска држава последните две седмици егзекутирале 700 луѓе од едно племе во североисточната сириска провинција Дејир ал-Зор, објави опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR), со седиште во Лондон која се повикува на свои активисти на теренот.
– Некои од нив ги затворија, а потоа ги осудија и егзекутираа – изјавил за Ројтерс, директорот на SOHR, Рами Абдулрахман. Додал дека според податоците кои пристигнале во организацијата, најголемиот дел од убиените биле цивили од племето Аш-Шеитат коишто живеат во североисточниот дел на Сирија, во провинцијата Дејир ал-Зор. На повеќето од нив им биле отсечени главите.
Радикалната сунитска исламистичка група Исламска држава (IS) којашто порано се именуваше како Исламска држава во Ирак и на Левантот (ISIL) од минатата година се бори во Сирија против силите на владата на претседателот Башар ал-Асад, покрај сунитската вооружена опозиција којашто ја има поддршката на Западот. Откако пролетва ги прекина врските со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, Исламската држава на почетокот од јуни започна голема офанзива во Ирак каде завладеа големи области во северниот и централниот дел од земјата, кои ги поврза со областите што ги запоседна во соседна Сирија и на кои прогласи „исламски калифат“.
Џихадистите од Исламската држава на териториите коишто ги контролираат воспоставуваат целосна организација со парадржавни елементи, вклучително и судови пред кои се казнуваат сите за кои сметаат дека не се придржуваат до нивните толкувања на исламот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)