| четврток, 6 декември 2018 |

Се запали погон на фабриката „Био Ди Ком“ во Василево

Попладнево околу пладне се запали погонот за производство на био дизел гориво, на фабриката Био Ди Ком во Василево во близина на Струмица.

Вработените го пријавиле избувнувањето на огнот, а на лице место пристигнаа возила на противпожарните служби кои го локализираа огнот. Повредени нема, направена е само материјална штета. Пожарникарите ќе останат на лице место да го набљудуваат објектот бидејќи станува збор за погон каде што се произведува гориво. Причините за избувнувањето на огнот дополнително ќе се утврдуваат.

Веднаш е пристапено, противпожарната единица се мобилизира и со повеќе сили и технички средства излегоа на лице место 16 пожарникари и пет противпожарни возила. За пет минути пристигнаа првите две возила и извршена е брза локализација и за среќа нема сериозно повредени луѓе“, рече Мијалче Крстев, командир ТППЕ Струмица.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top