| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајот се одвива без забрани по влажни коловози

Според најновите информации добиени во АМСМ од ЈП Македонија пат, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива без забрани, по наместа влажни коловози

3F0B4AE24AA4AD42AEA77FDC7BC7D8A6
На автопатот Е-75 на патниот правец Велес-Скопје во тунелот кај Катланово поради изведување работи на електричната мрежа – осветлување сообраќајот се одвива по една коловозна лента, каде е поставена и соодветна сообраќајна сигнализација. Се очекува работите да потраат околу еден месец.

На патниот правец Демир-Капија-Смоквица поради преместувањето на осветлувањето во тунелот кај Демир-Капија, сообраќајот по потреба се одвива по една сообраќајна лента, за што е поставена соодветна сигнализација и семафорско решение.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците каде е можна почеста појава на одрони, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница кои можат да го попречат движењето на возачите.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Се потсетуваат сите возачи дека законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15.03.2013.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top