| четврток, 6 декември 2018 |

Македонскиот зеленчук и овошје на странски пазари

Санкциите што САД и ЕУ ги наметнаа на Русија заради нејзините дејствувања во Украина резултираа со Руско ембарго за увоз на храна од овие земји. Европските производители на храна веќе почнуваат да ги чувствуваат последиците , а за ова веќе подолго време пишуваат бројни медиуми, објави телевизијата „Орбис“.

Голем број европски производители своите производи ги пласиираат на пазарите во Русија полчнувајќи од најразлични земјоделски производи, зеленчук, овошје, па до готови производи како што млеко и млечни производи, месо и месни производи , риба и сл. Целокупната состојба предизвика хаос на пазарот особено кај оние производители што поголемиот дел од своето поризвдоство го пласираа на рускиот пазар. На удар се шпанската шунка, шкотската скуша, данското сирење, грчките праски и уште многу други производи. По цели шлепери се враќаат од границите и производителите како што пренесуваат веб порталите , стравуваат од пад на цените на производите. Европската комисија најави дека овој проблем ќе биде решен , но сепак загриженост постои. Ќе знае ли Македонија да ја искористи ваквата ситуација во нејзина полза. Познавачите на сосотојбите сметаат дека треба да се реагира најбзо што може, да се стапи во контакт со руски партнери за да може македонски земјодлески производи да се извезат во Русија. И покрај тоа што Македонија сеуште нема потпишано договор со Русија за слободна трговија и покрај дооонителните оптоварувања на цените со руска царина од 20 %, сепак треба да се направат напори целата ситуација да се искорости. Мора итно да се реагира затоа што Македонија им е најблизок пазар на земјите кон кои е упатено емабргото и нашиот пазар можно е да се преплави со увезени производи, со што може да се загрози и домашното производство. Има една стара поговрка според која „ кога двајца се караат третиот користи“. Ќе знаат и ќе умеат ли нашите трговци да ја искористат ситуацијата во своја полза. Ќе се заборави ли на политичките интереси кога е во прашање бизнисот. Нашиот јужен сосед претрпува најголеми штети. Некои македонски бизнисмени веќе имаат долгодоишна соработка со грчки партнери , такашто полтиката не ги интересира. Додека грчките бизнисмени чекаат обештетување од европа нивните производи се препакуваат кај нас и повторно заминуват на посакуваната дестинација. Колку ваквата ситуација ќе ја искористи Македонија останува да покаже времето. Но , мора итно да се реагира и нашиот северен сосед скајќи да си го заштити домашното производство забранува реекспорт на македонски производи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top