| четврток, 6 декември 2018 |

Достоинство собира потписи за смена на Џафери

Достоинство почнува со собирање потписи за покренување на референдумска иницијатива за смена на Талат Џафери

02032013093459_stojance
Партијата денеска напладне организира масовен собир против одлуката за назначувањето на Џафери за министер за одбрана. Воедно ќе иницираат и собирање на 100 потписи за отпочнување на референдум за смена на Џафери.

Претседателот на партијата Стојанче Ангелов е убеден дека брзо ќе успеат да ги соберат потребните потписи, бидејќи како што вели, не познава Македонец кој не е револтиран од именувањето на Џафери на оваа функција.  Потоа собраните 100 потписи ќе му ги предадат на Трајко Велјановски за организирање референдум.

Во рок од три дена Велјановски треба да каже дали иницијативата е уредна за да се продолжи со собирањето на граѓански потписи.  Од партијата на Ангелов велат дека не сакаат оваа иницијатива да се поклопи со локалните избори, за евентуалниот референдум да не добиел политичка конотација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top