| четврток, 6 декември 2018 |

Делови од Скопје без електрична енергија

Поради технички зафати во електросистемот, без струја денеска ќе бидат село Миладиновци од 6.30 до 13.30 часот и краткотрјно, во 13.30 часот, дел од селата Дељадровци, Бујковци, Грушино, Мобимак – Грушино и дел од село Петровец.

Од 8 до 18 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците на дел од Арачиново и во околината на општината Арачиново, а во истиот период таму прекин ќе има и во недела, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД.

РЦУК ги најави и прекините во понеделник, 18 август, кога струја ќе немаат: од 8.30 до 15 часот улиците „Христијан Тодоровски Карпош“, „Ферид Бајрам“, „Алпи“ и „Мара Мажуречка“ во Бутел; од 9 до 15 часот улиците „Моцартова“ и „Николај Островски“ во Ѓорче Петров;  дел од бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ од бр. 160 до бр. 186  во Карпош,  дел од Ѓорче Петров кај трговскиот центар кај пазарот, и ул. „Диме Мечето“ и дел од ул.„Волт Дизни“ во Шуто Оризари.

Од 9 до 13 часот во понеделник прекин во електричната енергија ќе има и на ул. „Прашка“ бр. 13 во Карпош и ул. 2 во село Арнакија во општина  Сарај, а од 8 до 12  часот  струја ќе немаат ни потрошувачите од улиците „Наум Наумовски-Борче“, „Крсто Баиќ“, „Благоја Страчков“, „Аминта Трети“, „Кукушка“ и „Ристо Шишков“ во Центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top