| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на борбена опрема по повод Денот на АРМ

На воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, денеска од 9 до 17 часот ќе биде поставена изложба на борбени средства, техника и опрема на Армијата на Република Македонија во пресрет на Денот на АРМ – 18 Август.

Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ соопштија дека тактичко-техничкиот збор може да го посетат граѓаните на Скопје и Република Македонија и да се дружат со припадниците на АРМ, а покрај материјално-техничките средства, борбените возила и вооружувањето на АРМ, ќе биде прикажан и транспортниот хеликоптер Ми-8/17.

Изложбата, која е во рамки на програмата за одбележување на Денот на АРМ, ќе ја посетат министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал- потполковник Горанчо Котески. х

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top