| четврток, 6 декември 2018 |

Пеле на 74 години повторно ќе застане на лудиот камен

Легендата на бразилскиот фудбал по трет пат ќе застане на „лудиот камен“. Британскиот весник „Сан“ пишува дека Пеле наскоро ќе се ожени со Марсија Сибел Аоки, со која е во врска од 2010 година. Марсија е бизнисменка, а од својот вереник е помлада 32 години.

Едсон Арантес до Насименто, попознат како Пеле, веќе двапати беше во брак. Со првата сопруга Розмари ги има ќерките Кели и Џенифер, како и синот Едињо, а со другата Асирија близнаците Џошуа и Селест.

Добитникот на Златната топка за животно дело има најмалку две вонбрачни деца. Со куќната помошничка ја доби ќерката Сандра, а со една новинарка ќерката Флавија.

Негивиот син Едињо е осуден на над 30 години затвор поради перење пари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top