| четврток, 6 декември 2018 |

Причини зошто мажите ги сакаат русокосите

Секогаш сте се прашувале зошто мажите паѓаат на русокоси. Еве неколку причини кои ќе ви го дадат одговорот.

1. Се облекуваат попровокативно

Овие девојки сакаат да ги возбудуваат и предизвикуваат мажите со провокативно и сексапилно облекување, нешто на кое што мажите не можат да одолеат. Со облекувањето тие ја истакнуваат својата женственост и го излудуваат посилниот пол. За мажите нема подобар афродизијак од високи штикли, кратко здолниште и длабоко деколте.

2. Добри се во кревет

Можеби ова и не е секогаш вистина и не е правило, меѓутоа мажите се сигурни дека тоа е така. Сон на секој маж е сексот со „лоша” девојка која се согласува на ѓаволести игри во кревет и која покрај неговите фантазии, кои што сака да му ги исполни, не се срами и со него да ги сподели и своите валкани мисли.

3. Имаат подобра смисла за хумор

Мажите во нивно присуство не мораат претерано да внимаваат што зборуваат. Овие девојки не покажуваат замерки на сочните вицови и попростиот речник. Тие се смеат на глас и знаат и самите да направат шега. Мажите во нивно друштво полесно се опуштаат и го покажуваат своето вистинско лице.

4. Не сакаат сериозна врска

Овој тип на девојки најчесто се слободни и независни, па затоа не сакаат себе си да се вовлекуваат во сериозна или долгогодишна врска. Затоа не ги заморуваат мажите, па тие немаат страв од неделните ручеци со нејзините родители, црковните ѕвона и свадбата…

5. Го земаат она што им треба

„Ѓаволестите” девојки речиси никогаш не се жалат, дали музиката е прегласна, дали се уморни или дали се гладни. Тие не глумат за да добијат нешто. Едноставно, ќе ја намалат музиката, ќе одат да спијат или ќе земат самите да јадат, што мажите го сметаат за голем плус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top