Ѓорги Крстевски:
Македонскиот пејач и композитор нема проблем да го облече овој класичен машки костим за капење, без разлика што ќе кажат злобниците. Ѓорги Крстевски е на заслужен летен одмор, не само од работата, туку и, како што самиот неодамна изјави, од медиумите. Сепак, овој поздрав на социјалните мрежи вредеше да се сподели.
Славиша Кајевски:
Актерот од МНТ, заедно со својата девојка, реши да ги искористи лековитите дејства на калта. Од глава до петици во кал, двојката уживаше во летниот одмор. Иако ретко го споделуваат својот живот со јавноста, Славиша и Тања се заедно веќе една година.
Викторија Лоба:
Љубовта кон спортот е една од работите со кои оваа русокоса убавица се гордее. Викторија Лоба, покрај редовното трчање, планинарење, јавање и слично, во последно време, како што неодамна ни откри, обожава да се рекреира со својот велосипед. Резултатите се повеќе од одлични. Младата пејачка со руска крв и ова лето реши да го покаже своето совршено извајано тело на социјалните мрежи. Лоба ужива на плажа, а ретко кој не ужива во овој поглед.
Ноне Неделковска:
Mалата велешанка буквално го сврти светот патувајќи на брод. Ноне, која веќе со години ја напушти македонската естрада и заработува како пејачка на голем брод за крстосување, деновиве застана и на турското пристаниште во Мармарис. На оваа медитеранска тура, покрај Турција, Ноне прошета и на грчките острови, бугарските плажи, а ја посети и романската Констанца.
Весна Петрушевска-Бејби:
Актерката и водителка со својата ќерка Мина и нивното домашно милениче Хана за овој жежок август ја одбраа пространата плажа Пефки на грчкиот остров Евиа. Петрушевска ужива во заслужениот одмор од многубројните претстави и настапи, како и од радиоемисијата на „Радио Слободна Македонија“, а веќе од есен ја очекуваат нови работни обврски.
Александар Тарабунов:
Oмилената дестинација на македонскиот пејач годинава, дефинитивно, е плажата „Голден бич“ во Охрид. Тарабунов го искористи секој слободен миг за да ужива со пријателите покрај Охридско Езеро. Летото, сепак, главно му поминува работно, со редовни настапи низ целата земја, како и подготовки за фестивалската есен.
Симона Николовска:
Животот е подобар покрај море, вели атрактивната водителка Симона Николовска, која секој слободен викенд го користи за да побегне од скопскиот метеж и да се одмори од обврските како лице за односи со јавноста во „Аутомотив груп, а истовремено да поработи и на својот чоколаден тен.
Катарина Ивановска и Тамара Тодевска:
Двете другарки и ова лето се препуштија на заеднички авантури. Лани тие прошетаа на неколку различни светски дестинации, меѓу кои Дубровник и Куба, но годинава, во периодот кога Катарина е во Македонија, искористија неколку денови за сончање и за забавување во Охрид заедно со нивното друштво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст