| четврток, 6 декември 2018 |

Хејгл: Правилна политиката да не се доставува оружје на сириските бунтовници

102263920
Новиот министер за одбрана на САД Чак Хегл, изјави дека политиката да не се продава оружје и муниција на бунтовниците во Сирија е правилна.

Тој ја даде изјавата на првата прес-конференција откако во средата го презеде раководството на Пентагон. Ден пред прес-конференцијата, САД по првпат соопштија дека доставуваат „несмртоносна помош“ на бунтовниците и оти ќе ја удвојат помошта за цивилната сириска опозиција.

Одлуката на САД ги разочара противниците на сирискиот претседател Башар ал Асад, кои бараа од Западот да ги снабди со оружје, потег што претседателот на САД Барак Обама засега одбива да го направи.

Вчера раководителот на руската Федерална служба за воено техничка соработка Александар Фомин рече дека западните земји со сите средства ги попречуваат воените испораки на Русија за законската влада во Сирија. Фомин рече дека под различни изговори бродови и авиони со руско оружје за режимот во Дамаск се запирани во пристаништата и аеродромите или пак се поништуваат осигурувања на испораките по морски пат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top