Владите на одделни земји-членки на ЕУ се слободни да праќаат оружје на ирачките Курди кои се борат против исламските милитанти, под услов за тоа да имаат одобрение од ирачките власти, соопштено е по денешниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ.
Соопштено е и дека ЕУ ќе настојува да ги попречи активностите на борците на Исламска држава кои зазеле некои извори на нафта во Сирија и Ирак и сега остваруваат заработка од продажбата на енергенсот.
ЕУ исто така се залага за итна истрага на злоупотребите на човековите права во Сирија и Ирак, истакнувајќи дека некои од нив би можеле да претставуваат злосторства против човештвото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


