
Откако Зелда Вилијамс, ќерката на починатиот актер Робин Вилијамс беше вознемирувана на Твитер, оваа социјална мрежа реши дека е време да ја смени политиката заради заштита на корисникот. На Зелда твитерџиите и праќаа монтажа на фотографија од нејзиниот мртов татко.
– Нема да толерираме злоупотреба од ваков тип на Твитер“, изјави Дел Харви од Твитер, додавајќи дека нивната цел е да обезбедат доверба кај корисниците и заштита на нивните права.
– Блокиравме и исклучивме неколку кориснички сметки поврзани со овој инцидент поради кршење на нашите права и работиме на тоа да процениме како дополнително да ја коригираме нашата политика со цел што подобро да се снајдуваме и носиме со непријатни и трагични случаи и ситуации како оваа. Тоа подразб ира и подобрено давање поддршка на членовите на починати корисници – додаде Харви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


