
Русија планира да го забрани увозот на сперма за оплодување кози, овци и крави од Бугарија. Тоа е уште една забрана откако Москва веќе ја забрани храната од ЕУ и САД.
Досега Бугарија беше еден од главните снабдувачи на семена течност, заедно со Грција и Италија. Пораката за уште едно вето дојде од руска агенција, повикувајќи се на извор од владините кругови во Москва. На официјално барање заменик-министерот за економија и трговија Глеб Никитин не ги потврдил, но не ги негирал информациите.
Русија забрани и конзервирана храна од Запад. Државната агенција „Росриболовство“ се обратила до Министерството за земјоделство со предлог да се додаде кон руските одмазднички санкции ветото за увоз на рибни конзерви и преработени рибни производи од ЕУ, САД, Норвешка и од Канада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


