| четврток, 6 декември 2018 |

На жените со зголемена килажа им се заканува губење на слухот

morana3

Според податоците на Светската здравствена организација, 360 милиони луѓе патат од умерен, тежок или потполно губење на слухот, состојба која се смета за нормална како последица на стареењето. Но, последното истражување покажува дека поголемиот индекс на телесна маса и поголемиот обем на струкот се поврзани со ризикот од губење на слухот.

– Често сметаме дека губењето на слухот е нормална појава при стреењето. Но, ова истражување покажа дека на тоа може да се влијае, со одржување на здрава телесна маса и занимавање со физичка активност – изјави Шерон Чуран, водечка авторка на истражувањето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top