| четврток, 6 декември 2018 |

САД бдееше во протест против полициска бруталност

GOVERNOR-master675Илјадници луѓе во повеќе од 90 градови ширум САД одржаа протестно бдеење поради убиството на тинејџерот афроамериканец од Мисури, кој минатата недела беше застрелан од полицаец белец, како и за сите други жртви кои загинале поради полициска бруталност.

Пет дена по убиството на 18-годишниот Мајкл Браун, една минута молчење и протести беа одржани во Њујорк, Чикаго, Атланта и во други градови во САД.

Во меѓу време, по четири ноќи на насилства во Фергусон во Мисури, каде Браун беше убиен, грижата за безбедноста во градот ја презеде државната полиција.

Деталите за убиството се спорни. Очевидци велат дека невооружениот тинејџер ги имал кренато рацете кога полицаецот истрелал повеќе куршуми во него, додека полицијата тврди дека имало борба меѓу Браун и полицаецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top