Во кругот на Генералштабот на АРМ и Министерството за одбрана денеска ќе се одржи свеченост за одбележување на Денот на Армијата на Република Македонија – 18 август.
На свеченоста ќе бидат прочитани наредби за унапредување, врачување плакети, значки, благодарници и други стимулативни мерки за припадниците на Министерството за одбрана и ГШ.
На одбележувањето на Денот на АРМ пред присутните ќе се обрати началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, а ќе присуствуваат министерот за одбрана Зоран Јолевски, заменикот-министерот за одбрана, Арбен Лабеништа, заменикот на началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Насер Сејдини, државниот секретар во МО, Сашо Стефаноски, директорот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Димче Петровски, раководителите во МО, началниците на организациските единици во ГШ на АРМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.