Британската поп-ѕвезда сер Клиф Ричард (73) е под истрага поради евентуално сексуално злоупотребување момче помладо од 16 години. Инцидент што се случил пред триесетина години.
Полицијата извршила претрес во луксузниот станбен комплекс во Сунингдејл, никој не е уапсен, но некои предмети биле запленети за криминалистичка обработка.
Во меѓувреме се огласи и пејачот, кој не бил во куќата за време на претресот и кој ги демантира сите обвинувања. Медиумите шпекулираат дека се наоѓа во Португалија.
– Пред неколку месеци дознав дека има обвинение против мене. Тоа е обична лага. Сè досега не сакав да коментирам за злоупотребувањето затоа што со тоа би дал на важност. Но, полицијата денеска го посетила мојот стан без никаква најава. Освен на медиумите, како што изгледа. Моментно не сум во Велика Британија, но ќе соработувам со полицијата, ако сака да разговара со мене. До крајот на полициската истрага би било несоодветно што било да се коментира – порача Ричард, кој зенитит во кариерата го достигнал во педесеттите и во шеесеттите години од минатиот век.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст