| четврток, 6 декември 2018 |

САД ги извади ирачките бегалци од опсадата

obamaОпсадата на планината Синџар во Ирак од страна на исламските милитанти е разбиена, изјави денеска американскиот претседател Барак Обама.

– Им помогнавме на загрозените луѓе да стигнат до засолништата и да се спасат многу невини животи, посочи Обама.

Тој додаде дека САД ќе продолжат со воздушните напади за да се зачуваат американските објекти во Ирак.

Претседателот на САД апелираше до Ирачаните да се обединат и да ги поразат исламистите.

Се проценува дека на Синџар, каде голем број ирачки цивили побараа засолниште од ирачките милитанти, останале уште околу 4.500 луѓе, од кои половината се староседелци кои не сакаат да заминат.

САД и Велика Британија последните денови од воздух доставија помош за илјадници луѓе на планината Синџар, која се наоѓа на сириска граница, а американските авиони  бомбардираа позиции на Исламска држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top