| четврток, 6 декември 2018 |

Европската комисија со пакет мерки по руското ембарго

Evropska-komisijaЕвропската комисија следната недела ќе објави пакет мерки со кои треба да се помогне европскиот пазар откако Русија воведе забрана за увоз на производи од Европската унија, како и на државите кои претходно воведоа санкции кон Русија.

Еврокомесарот за земјоделство и рурален развој Дачан Чолос најави дека мерките ќе бидат соодветни и економски ефикасни. Тој истакна дека ЕК нема да ги остави европските производители без поддршка.

– Актуеланата ситуација бара брз и подобар пристап до регионалните податоци за земјоделските секотори и зголемената контрола.

ЕК планира да одржува експертски консулатции еднаш неделно за ситуацијата на пазарот на ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top