| четврток, 6 декември 2018 |

Користела лажен труднички стомак за да седи во јавен превоз

Една млада Кинескиња, се преправала дека е трудница, за да и отстапат место во јавниот превоз

01032013204222_лажен труднички стомак
Нејзината лага била откриена кога силиконскиот стомак и паднал од под кошулата среде полн вагон во подземната железница, предизвикувајќи негодување кај патниците.

Дека на младата жена не и недостасува дрскост, потврдува и нејзината одлука да го тужи производителот на лажниот стомак, бидејќи како што вели за истиот платила 37 евра.

Според пишувањето на весниците, нејзината жалба наишла на општо неодобрување во медиумите и на интернет, каде многумина ја исмеаја.

-Тоа е најсрамната жалба која некогаш била поднесена-беше коментарот на една интернет страница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top