Што му требаше на лидерот на опозицијата, по едномесечно „кулирање“, да се појави во јавност. Очигледно, убеден дека најголемиот национален празник е идеална можност да покаже дека е со народот и кога пати и кога слави, храбро одлучи да се помести од ладовината и да се појави во илинденско Крушево. За разлика од останатите сериозни политички случувања што ги имавме минатиот месец, Илинден е еден, навидум, безопасен ден за политичарите затоа што со самото појавување на местата каде што се организираат свечености добиваат ситни политички поени. Тоа сигурно го окуражило и Заев да ја стави во мирување „револуцијата на Фејсбук“ и да се врати за момент во реалноста. Единствената „опасност“ на која требаше да внимава е да не направи некаков гаф, што за сериозни политичари што претендираат да водат држава би требало да биде рутина, а никако товар.
Но, Заев и овој пат се посрамоти како што само тој знае, па така во тие пет-шест реченици со кои се обиде да „изрази почит кон хероите што ги дале животите за независна Македонија“, всушност покажа огромно непочитување и кон илинденците и кон целата македонска јавност упатувајќи ја истата честитка од минатата година. Се разбира, годинешната порака е со коригирани датуми на годишниците што ги славиме и во малку пократка варијанта од ланската, најверојатно затоа што допишувањето би му одзело повеќе време. Така наместо искрени честитки, граѓаните слушаат излитени фрази две години со ред. Со тоа Заев не само што презентираше целосна незаинтересираност кон празникот, туку и уште еднаш ја покажа својата дрскост потценувајќи ги граѓаните со тоа што по вторпат ќе ги „почести“ со неговиот илинденски говор. Таквиот однос не е нешто ново на Бихаќка. Понижувачкиот третман на Илинден е само уште еден во низата арогантни настапи на раководството на опозицијата.
Во следното појавување на опозицискиот лидер, покрај извинување до македонските граѓани, очекуваме да го чуеме и неговото објаснување, какво и да е. Па, колку ли само време ќе му одземеше од одморот за да состави пет реченици во кои искрено ќе ја изрази својата благодарност до сите што ги положиле животите за слободна Македонија? Дали навистина целосно е препуштен на одмор и рекреација, па не сака да се заморува со илинденците по жештиниве или, пак, овој значаен ден за секој Македонец е само уште еден обичен ден во календарот на првиот човек на опозицијата?
Не се исклучува можноста дека некој од неговиот тим во партијата задолжен за протокол му работи зад грб и намерно му мести скандали, па на маса му го сервирал ланскиот говор. Такво нешто не би смеел да признае јавно затоа што тоа е уште поголем срам за него. А, дури и да е така, Заев би требало барем малку да се сеќава што кажал лани во видеопораката објавена еден ден пред Илинден, која и ден-денес може да се најде на интернет. Затоа, кој и да е „авторот“ на илинденската честитка на Заев, срамот и овој пат оди на сметка на лидерот на опозицијата, а СДСМ уште еднаш потсети зошто е опозиција осум години по ред и зошто со таков однос уште долго нема да може да се врати на власт.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст