Доколку се грижите околу тоа дали вашиот пенис е доволно голем, постојат одредени пози и техники во кои пенисот може да изгледа поголем, а со тоа да си ја вратите и загубената самодоверба.
Доги стајл
Оваа поза е идеална и за машката и за женската Г-точка. “На мажите им дава чувство на контрола, а жената може да ги собере нозете и така да го стесни вагиналниот канал и да го интензивира задоволството”, вели експертот Ники Талбот.
Стоечка поза од позади
Оваа поза нуди многу можности за стимулација, а бидејќи карлицата во оваа поза е малку стисната, чувството на пенетрација е поголемо.
Поза „Магична Планина“
Земете перница и легнете врз неа. Во оваа поза е многу важно партнерката да клекне и да ги собере нозете, а и партнерот се поставува во позиција зад неа со собрани нозе. За екстра искуство притиснете и’ ги бутовите со тежината и интензитетот е сигурен.
Испреплетете се
Жената е на стомак потпирајќи се со лактите, една нога и е истегната, а другата свиткана кај коленото. Пенетрацијата е подлабока, а чувството интензивирано.
Таа е горе свртена наназад
Во оваа интересна поза која го подобрува задоволството и пенисот прави да делува поголем, мажот лежи на грб, жената е врз него, но свртена е со грб и гледа кон неговите нозе. Таа ги контролира сите движења стимулирајќи ги своите ерогени зони и полесно ќе постигне оргазам.
„Стуткана“
Двајцата сте стуткани, а тој ве држи од позади. Многу е интимна бидејќи целосно се допирате, а чувството е интензивирано.
Мисионерска поза на нов начин
Жената лежи на грб, а машкото и ги шири нозете и и’ ги крева во воздух. Тој е на колена и владее со ситуацијата.
Мисионерска поза со прекрстени нозе
Оваа интересна поза најверојатно многумина никогаш не ја пробале. Всушност жената е на грб, а машкото и ги прекрстува нозете и ги држи горе во воздух. Експертите велат дека ова дефинитивно вреди да се проба бидејќи пенетрацијата е многу интензивна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


