За да ја пополни празната државна каса, грчката влада одлучи на 50 години да ја изјами вилата на островот Родос, изградена во 1936 година за италијанскиот диктатор Бенито Мусолини.
Дрвената двокатница со поглед на Егејско Море ја изградил соработникот на Мусолини, Чезаре Масиа де Векиа, но Мусолини никогаш не престојувал во неа.
Државниот фонд за недвижности ја нуди вилата за изнајмување заедно со уште 13 недвижности, информира миланскиот дневен весник „Кориера дела Сера“.
Грција се надева дека на тој начин ќе обезбеди заработувачка од 50 милијарди евра до крајот на 2015 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.