
Монструмот од Сурчин, Драган Ѓуриќ, кој е осомничен за убиството на 15-годишната Тијана Јуриќ, пред да го изврши злосторството заведувал малолетнички на „Фејсбук“. Месарот се обидувал преку социјалните мрежи да стапи во контакт со малолетни девојки, а еден таков обид имал на 7 јуни. Тој ден Ѓуриќ почнал да ѝ се додворува на една малолетничка не постара од 15 години и да ѝ коментира на фотографијата.
– Би сакал да ме гледаш со тие очиња кога ќе се разбудам – ѝ пишал Џуриќ.
– Хм, убаво би сакал ти – му одговорила девојката, по што Ѓуриќ повеќе не се огласил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


