| четврток, 6 декември 2018 |

Пародична акција „Денар за Бранко“

Група на млади социјалдемократи денеска од плоштадот „Македонија“, преку пародична акција побараа оставка од лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски

Со пародична акција „Денар за Бранко“, група на млади социјалдемокртаи побараа оставка од лидерот на СДСМ. Тие не се согласуваат, како што велат, со погубните политики на Бранко Црвенковски, кој единствено го интересираат моќта и парите.

Оваа група на социјалдемократи е против бојкотот на опозицијата на законодавниот дом и против не излегување на избори.

Judeja (2)

-Бараме од СДСМ да се врати во парламентот и инстуционално да ја води битката против ВМРО- ДПМНЕ. Ние сме против насилно уривање на власта и се залагаме таа да се смени на избори. Но, не веруваме дека актуелното раководство на партијата има капацитет да се спротистави на владејачката партија, затоа бараме негова смена. Црвенковски има поддршка само од околу 5 до 10 илјади членови, но не и од оние околу 360.000 кои го дадоа гласот за СДСМ на последните парламентарни избори-  изјави Михаел Младеновски, поранешен генерален секретар на СДММ, кој ќе настапи со независна листа на советници во општина Центар на локалните избори во март.
Judeja (1)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Младеновски потенцира дека се согласува со изјавата на американскиот амбасадор Пол Волерс, со која тој ги позика опозиционерите да се вратат во собранието оти бојкотот ќе и нанесе штета на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top