| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерката на Робин Вилијамс шокирана од твитерџиите

robin vilijams

Зелда Вилијамс, ќерката на неодамна починатиот холивудски актер Робин Вилијамс, се дистанцираше од социјалните мрежи, шокирана од злобните пораки кои ги добила по самоубиството на татко ѝ.

Како што пренесува АП, 25-годишната Зелда ги исклучила своите профили на Твитер и Инстаграм и се повлекла на подолго време, а можеби и за секогаш.

Таа добила вознемирувачки фотографии и вербални напади. Многу корисници на Твитер застанеле во нејзина одбрана.

– Ве молам, во овие тешки моменти да покажете малку човечност кон мене и моето семејство – истакнала Зелда Вилијамс.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top