
Метеоролозите на Државниот завод во Хрватска за четврток, 14 август најавуваат големо невреме во таа земја.
Според нив, ќе има големо наоблачување со дожд и грмежи кое ќе се прошири на поглемиот дел од земјата. Делумно сончево ќе остане само на јужниот Јадран. Заради тоа се објавени и повеќе предупредувања.
Кај нас нема најави за влошување на времето. Напротив, за следните денови се најавуваат пеколни горештини, а можно заладување се очекува во текот на идната седмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Искористете го викендов, од вторник голема промена на температурите
-
Не очекува нагла промена на времето: Внимавајте на мачнини, болки во коските, несоница и нервоза
-
Вонредна прогноза од УХМР: Снег и нагло намалување на температурите
-
Ветерот носи убаво време: Ова се очекуваните температури за наредната недела


