Властите во Полска и Летонија ги повикаа амбасадорите на Русија во знак на протест поради заканите на опозицискиот лидер на руската Либерално-демократска партија Владимир Жириновски кој рече дека „Полска и Летонија би биле збришани во случај на војна меѓу Русија и Западот“.
– Тие изјави се силен доказ за желбата на руската владејачка елита да го обнови руското царство, оцени шефот на летонската дипломатија Едгар Ринкевичс, а летонското МНР побара од рускиот амбасадор да го слушне ставот на Летонија по тоа прашање.
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски го повика по истиот повод рускиот амбасадор во Варшава.
Руската амбасада во Варшава соопшти дека нема потреба да се објаснуваат изјавите на Жириновски, бидејќи тој не зборува во име на руската Влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


