Белата куќа денеска соопшти дека американскиот претседател Барак Обама следните денови ќе донесе одлука дали да испрати војска во спасувачка акција на ирачките бегалци заробени во планините.
Заменик-советникот за национална безбедност Бен Родос истакна дека Обама разгледува низа опции, вклучително евакуација од воздух, како и испраќање на тим во Ирак да ја процени ситуација.
– Американската армија може да ја координира спасувачката мисија со курдските сили, како и со сојузниците, како што е Велика Британија, посочи Родос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


