
Зачинета храна
Многу жени мислат дека ако јадат зачинета храна, нивната менструација ќе се одложи. Воздржувањето од конзумирање на многу зачинета храна или избегнувањето на зачинетата храна во редовната исхрана е делотворен начин за одложување на менструацијата. Избегнувајте зачини како лук, бибер или ѓумбир. Започнете ја оваа диета барем две недели пред датумот од одложување на менструацијата.
Оцет
Земете чаша минерална вода и помешајте ја со три или четири лажици оцет. Пиењето на оваа течност ќе ја одложи вашата менструација. Тоа ќе ги забави менструалните симптоми. За најдобри резултати пијте од овој природен лек барем два или три пати дневно.
Желатин
Ова е многу делотворна метода за природно одложување на менструацијата. Земете пакетче желатин и помешајте го со топла вода. Ако го испиете ова ќе можете да ја одложите менструацијата за околу четири часа. Ова е одличен начин за одложување на менструацијата, секако, доколку сте соочени со некоја итна ситуација.
Емотивен стрес
Ова е еден од најдобрите природни начини за одложување на менструацијата. Ако жената минува низ период исполнет со стрес, таа ќе го пропушти својот менструален циклус или пак само ќе го одложи, дури и ако не го сака тоа.
Вежби
Физичкиот стрес е исто така прекинувач за одложување на менструацијата. Свесното форсирање на вашиот организам над вашите физички можности предизвикува стрес. Доколку сакате да ја одложите менструацијата, одлучете се за висок интензитет на тренинг додека сте во теретана. Можете да се обидете и со некои тешки вежби од типот на возење велосипед по угорнина, аеробик и слично. Вежбањето е еден од наједноставните и најприродните начини за одложување на менструацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


