| четврток, 6 декември 2018 |

Искрењата во врвот бараат уште еден ЕУ самит

eu mazi zeni

Несогласувања, неодговорени прашања и нови санкции против Русија: тоа е исходот од последниот ЕУ самит, кој беше помалку плоден отколку што се очекуваше. Претставниците од 28-те земји членки одлучија повторно да се сретнат по шест недели.

Во еден ипол часот по полноќ, по долгиот ЕУ самит, во германската канцеларија за информации во Брисел немаше атмосфера на задоволство. „Требаше да се вклучам – ќе беше подобро“, рече германскиот канцелар Ангела Меркел, која наполни 60 години за време на самитот, додека еден новинар ја пушти „Среќен роденден“ од врската за клучеви, а другите молчеа.

– Ви благодарам. Ова беше првото пеење за мојот роденден, рече таа. „Советот не ми пееше, но ми дадоа цвеќе и шампањско. И тоа беше убаво“.

Но ништо друго не беше забавно во врска со самитот, затоа што од него не произлезе јасен исход по клучните прашања. „Мојот заклучок е дека уште не сме стигнале до точка каде можеме да донесеме едногласно решение за целиот пакет“, рече Херман Ван Ромпуј, претседателот на Советот во заминување. „На 30 август ќе има уште еден самит“.

Се уште обземени од фудбалската грозница, некои ЕУ дипломати рекоа дека ова изгледа како самитот да влегол во „доба на закоченост“.

Италија и источна Европа не можат да дојдат до компромис

Не постои решение на спорот помеѓу Италија и некои централно и источноевропски земји околу прашањето дали италијанскиот министер за надворешни работи, Федерика Могерини, да стане нов шеф на ЕУ дипломатијата. Италијанскиот премиер Матео Рензи инсистира на неговиот 41-годишна канидидатка која е во владата само од февруари годинава. Лидерите од источноевропските земји, посебно литванскиот претседател Далиа Грибаускаите, го критикуваше недостигот на искуство на Могерини и нејзините наводни врски со Москва. Како резултат на тоа, не можеа да се донесат другите кадровски одлуки.

Другата отворена позиција е претседателството со Европскиот Совет – телото кое го сочинуваат шефови на држави и влади во ЕУ.

– Мораме да видиме кој е најсоодветен да стане претседател на Советот, за да може да ги држи заедно сите 28 владини претставници – силно го предлагам тоа, рече Меркел. „Не би давала никаква сугестија на основа на потекло од која политичка партија доаѓа, туку наместо тоа би прашала каква ќе биде големата слика? Сите овие прашања може вечерва првпат да бидат дебатирани, но за сите ќе зависат од добар резултат“.

Таа додаде дека е вообичаено во политиката да се носат заклучоци само ако има притисок во реално време.

Надежите зависат за Јункер

Новоизбраниот претседател на Европската Комисија, Луксембуржанецот Жан Клод Јункер, доби задача да ги собере уште еднаш заедно 27-те извршни тела од другите држави до крајот на август. Јункер побара да бидат номинирани по неколку кандидати од секоја земја, вклучувајќи и што повеќе жени.

Номинираните комесари од 28-те земји членки треба да поминат низ парламенарните комисии за поеднична потврда во септември. Потоа, Европскиот парламент ќе гласа да ги потврди нивните позиции, иако парламентарците не можат да прифатат или одбијат поединци – тие може да ја изгласаат или да ја одбијат целата Комисија.

Не е јасно како Јункер ќе ја исполни оваа мисија без да знае кој ќе стане шеф за надворешна политика на ЕУ. Оваа позиција е исто така и потпретседател на Европската Комисија. Јункер сега ќе треба да пронајде компромис помеѓу интересите на големите и малите, како и на северните и јужните ЕУ држави, и истовремено да ги земе предвид и партиското членство и полот.

Нови санкции против Русија

Кога станува збор за надорешната политика, ЕУ лидерите пронајдоа заедничка основа за проширување на санкциите против Русија, како одговор на кризата во Украина. Компаниите кои ги поддржуваат проруските сепаратисти во источна Украина, било преку извози или финаисирања, сега ќе бидат подложни на казни. Слични правила се однесуваат и на компаниите кои ги подржуваат руските политичари кои се одговорни за сецесијата на Крим од Украина, и за востанието во источна Украина. Покрај ова, Русија нема понатаму да добива кредити од европските финансиски институции, а Европската комисија ќе ја прекине финансиската помош за заедничките проекти со Русија.

Според претставици од ЕУ, овие мерки не се тешки економски санкции или ембаргоа против цели економски сектори во Русија. Но Меркел рече дека од перспектива на компаниите кои се во прашање, ова се дефинитивно жестоки потези.

Русија под оган

Меркел ја префли вината врз Русија за ескалацијата на конфликтот, споменувајќи дека Москва ги игнорирала ултиматумите издадени од претходниот ЕУ самит заедно со украинскиот претседател Петро Порошенко.

– Жалиме што мораме да донесеме вакви жестоки мерки во однос на Русија, рече Меркел. „Но фактот во однос на реалноста или на посетата и очекувањата од претседателот Порошенко за запирање на насилствата, за несреќа, имаа малку резултати“.

Таа додаде дека Русија не учествува активно во мирните преговори или во контролата на границата помеѓу Русија и источна Украина, па се уште се држат заложници и не е формирана никаква контакт група.

До крајот на јуни, Европската Комисија требаше да направи предлог листа на бизниси и личности чии банкарски сметки и деловни активности со Европа можат да бидат потенцијално замрзнати.

Рускиот претседател Владимир Путин одговори на последните санкции со изјавата која ја даде за новинските агенции, дека овие мерки можат да имаат сериозни последици за руските односи со ЕУ. Без разлика на тоа, Меркел најави дека ќе продолжат дипломатските напори да се смири украинската криза.

Дојче веле – Бон

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top