| четврток, 6 декември 2018 |

10 непознати факти за ерекцијата

Можеби мислевте дека ги знаете сите тајни за машкиот полов орган, погледнете ги овие 10 неочекувани факти, што не сте ги знаеле за ерекцијата.

Постојат три видови на ерекција

Toчно така. Постојат три сосема различни видови на ерекција. Рефлексогеничната ерекција се слулува кога доаѓа до вистински сексуален контак, психогеничната ерекција се случува во текот на фантазирањето, а ноќните во текот на ноќта.

Алкохолот и цигарите се непријатели на ерекцијата

Студиите покажуваат дека младите мажи кои што патат од ерективна дисфункција можат да ги обвинат за тоа своите пороци. Доколку некогаш сте се сретнале со овој проблем, експертите советуваат да намалите со штетниот начин на живот. Така можеби вистинската забава ќе се случува во спалната соба.

oralen seks

Оралниот секс може дури и да го зголеми пенисот

Една студија покажала дека мажите кои добиле орален секс пред да ја измерат својата ерекција, имале поголем пенис од оние кои што ја мереле големината после фантазијата или мастурбацијата. Чудна студија, но интересно откритие.

Повеќе секс = подобра ерекција

Сонот не само што влијае на вашата сексуална желба, туку неговиот прекин го намалува и нормалниот циклус на ерекцијата која се случува во текот на ноќта. Доколку мажот останува буден по цела вечер и не спие доволно, ова ќе влијае на тоа колку долго може да одржи ерекција.

Приватноста е важна

Ова може да варира од маж до маж, но локацијата на која што водите љубов може многу да влијае на ерекцијата. Доколку тој го дели станот со многу цимери, или има неколку деца во куќата во моментот кога се обидувате да имате секс, можеби ќе му биде тешко да го „фати“ моментот.

Малку закривен пенис

Немојте да паничите доколку неговиот пенис е малку накривен кога е во ерекција. Тоа е сосема нормално, но доколку ви предизвикува непријатност и не уживате во односот можеби се работи за екстремен облик, односно за Пејрониевата болест. Доколку е тоа проблемот, тој мора да посети уролог.

Masturbation-Good-For-Health

Мастурбацијата значи многу

Доколку мажот не мастурбира неколку дена, повеќе крв доаѓа во неговиот пенис, кога ќе дојде до стимулација. Ова нормално значи и поголема ерекција. Затоа советувајте го својот дечко малку да попушти со редовната мастурбација доколку сака да добие поцврст облик следниот пат кога ќе имате однос. А зошто не би сакал?

Големината е важна

А кога го велиме тоа, мислиме на големината на телото. Подебелите мажи имаат пониско ниво на тестостерон и нивниот пенис не функционира со сета сила. Здравиот BMI (индекс на телесна маса) е дефинитивно најсилната страна на мажите.

kondom

Да, кондомот навистина може да ја убие ерекцијата

Но не кај сите мажи. Неодамнешна студија тврдик дека некои мажи навистина имаат проблеми со ерекција поврзана со употребата на кондоми, но нив им е потребно само дополнителна стимулација за време на чинот.

Понекогаш им е тешко да се контролираат

Бидете благодарни што жените можат да имаат повеќеслоен оргазам, бидејќи мажите не се такви среќници. Всушност, не е едноставно да се контролира ерекцијата и да се препушти на времето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top