| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајден начин како да се вратат мртвите пациенти во живот?

Радикалната процедура која вклучува наизменично земање и вбризгување крв во речиси мртвото тело, би можело да ги врати во живот луѓето кои се на самиот раб на смртта, тврди научникот Дејвид Робсон.

lekari

Кога вашата температура на телото би била 10 степени и кога не би имале мозочни или срцеви реакции, сите би се сложиле дека сте мртви. Јас би можел да ве вратам во живот, вели и научникот Питер од универзитетот од Аризона.

До сега се изведени неколку експерименти врз животни кои покажале дека е возможно телото да се држи во „суспендирана состојба“ неколку часа.

Целата процедура на оживување подразбира целосно празнење на крвта од телото и спуштање на телесната температура на 20 степени под нормалата. Потоа, крвта повторно се вбризгува, а телото постепено се загрева. Кога телесната температура достигне 30 степени, срцето започнува да чука.

– Интересно е што животните еден ден „по смртта“ се чувствуваат збунето, а веќе следниот ден се функционира потполно нормално, тврдат научниците.

Убивање на пациентот да му го спасат животот?

Самјуел Тишеран е третиот научник кој ја разбрани јавноста оваа година, кога соопшти дека е подготвен за експериментирање на човекот.

Првиот пациент би требало да е случајна жртва со тешки повреди кои би предизвикале губење на крвта и престанување на работата на срцето, што би значело дека овој метод е последна шанса за пациентот.

Самјуел објаснува дека повторното работење на срцето е само половина од работата. Многу е важно да се води сметка за нивото на кислород, кој всушност е најголемиот проблем.

Секоја секунда додека телото е во безживотна состојба, клетките не добиваат кислород и полека изумираат. За да се забави овој процес, неопходно е да се разлади телото.

И останатите доктори се оптимистички настроени кон овие тврдења. Тие веќе 2 децении собираат докази за безбедноста на оваа процедура и во главно вршеле експерименти врз свињи.

По пат на ладење на телото и повторно вбризгување на крв, речиси 90% од животните се вратиле во живот без никакви последици.

– Највозбудливиот момент е кога срцето повторно ќе зачука – велат научниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top