| четврток, 6 декември 2018 |

До крајот на годината ќе се отворат 14 нови градинки

gradinki

До крајот на 2014 година ќе се отворат 14 нови градинки во 13 општини во Република Македонија. Ова денеска на прес-конференција го соопшти портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.

Како што информира Ѓорѓиев, истите ќе се реализираат во 3 групи на проекти, за што Владата ќе одвои 1 милион евра или 58 милиони денари.

Со тоа, ќе се отворат нови 750 места за сместување на деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top